• Sat. May 18th, 2024

Општина Радовиш на пат кон гасификација

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов заедно со раководителот на секторот за урбанизам во општина Радовиш Кирчо Сусинов, деновиве, остварија работна средба во Скопје најпрвин со проектантската фирма и разговараа за изработка на техничка документација и основен прокет за реализација на Гасификацијата на општина Радовиш.

Тие побарале изработка на техничка документација за гасификација на општината со што ќе се создаде можност за апликацирање за изработка на мрежа за гасификација, која доаѓа од Република Бугарија, па преку Струмица, цефководот ќе поминува и кон Радовиш.

Во текот на оваа седмица од проектантското биро до градоначалникот ќе биде доставен ПРАШАЛНИК на кој стучните служби во општината треба да дадат одговор

Временската рамка за реализацијата на овој прокет е почеток на 2019 – крај на 2020 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *