Регион

Зимбакова со изложба на врвот на Беласица -Сечена скала

Струмичанката Кристина Зимбакова утре на врвот Сечена Скала на Беласица, висок 1.740 мнв, ќе ја отвори својата самостојна изложба „Ја извишила фортуната“ со триесетина уметнички дела изработени од габи и лишаи што ги собирала од планината и светот. Станува збор за изложба на отворено на неконвенционален простор, со која Зимбакова сака да ја спои љубовта кон планините и уметноста и да даде придонес кон промовирањето на природните вредности на Беласица.

Изложбата на врвот Сечена Скала биде отворена точно напладне и делата таму ќе стојат час и половина. За да се стаса до Сечена Скала е потребно возење два часа со теренско возило или пак планинарско печашење од четири часа.

„На изложбата ќе бидат претставени 33 дела во комбинирана техника создадени во последните две години. Габите и лишаите се примарно изразно средство вткаени за цртање фигури или составување мозаик. Матријалот е собран преку лични теренски истражувања во соработка со бионаучници. Во делата ќе има габи и лишаи од Беласица, од Антарктикот, суптропските предели на Австралија, САД, подножјето на Хималаите“, вели Зимбакова.

Препорачуваме:

МЗШВ: До 30-ти април е продоложен рокот за склучување на договори за производство и откуп на тутун за реколтата 2020

Стојне Митева

Во неколку наврати се палат депониите во Гевгелија и Негорци

Сузана Мицева

СВР Струмица најави кривични уличните продавачи

Ване Трајков