• Tue. May 14th, 2024

Стратегија за развој на туризмот во Општина Гевгелија

Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, кој работи во состав на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, организираше еднодневна работилница на тема „Стратегија за развој на туризам на општина Гевгелија за периодот 2019-2014 година“. Во работата на Работилницата, учествуваа поголем број на  претставници на организации и институции кои делуваат во областа на туризмот. Се со цел да се даде непосреден придонес за изработка на овој значаен документ за развојот на туризмот во општина Гевгелија.

Деканот на факултетот за туризам и бизнис логистика, Никола Димитров, поздравувајќи ги присутните, потенцираше дека доделувањето на изработката на оваа стратегија, од страна на општина Гевгелија, е предизвик за факултетот, кој постои веќе 11 години. Располагаме со доволно стручен кадар, кој заедно со општината, со организациите и институциите, кои работат во туристичката гранка, очекуваме да биде изработена добра стратегија со која ќе се подобри и унапреди развојот на туризмот во општина Гевгелија.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков истакна дека оваа стратегија се изработува на барање на општината, заради потребата од дефинирањена наредниот туристички развој на општината. Придобивките од една ваква стратегија се подеднакво значајни за општината и за фаакултетот, но и за  бизнис заедницата, затоа што ако напишаното на хартија се имплементира во пракса, тоа ќе значи отворање на нови угостителски објекти, нови туристички капацитети и побарувачка на работна сила. При изработката на оваа стратегија мора да се тргне од фактот дека општина Гевгелија во иднина ќе треба да се развива како зелена, модерна и европска општина. А, тоа значи дека сакаме да ги развиваме компаративните предности кои ги имаме како општина, а тоа се, близината на границата и развојот на трговијата, угостителството и лесната индустрија.

Доктор Васко Шутаров, кој заедно со проф. др.Марија Магдинчева Шопова е дел од стручниот тим кој ја изработи Нацрт стратегијата за развој на туризмот истакна дека таа е целосен документ кој се состои од анализи, насоки и потребни активности за остварување на визијата за општина Гевгелија, како една од најразвиените туристички дестинации во земјата, но и во поширокиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *