• Tue. May 14th, 2024

Ποдготовки за реализација на проектот „Рехабилитација на патот Гевгелија-Богданци-Фурка-Дедели“

Подготовките за реализација на проектот „Рехабилитација на регионален пат Р1109, делница Дедели-Фурка-Богданци-Гевгелија“ се во завршна фаза.

Јавното претпријатие за државни патишта ја одложи санацијата на овој регионален пат со негова целосна рехабилитација. И тоа, на целата делница од Гевгелија до Дедели, Валандовско, во должина од 15,8 км. Финансирањето на овој проект е обезбедено од средства на Светска Банка, според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки, потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.

Извештајот за процена на животна средина и социјални аспекти и Планот за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Богданци. Исто така, и на официјалната веб страница на ЈП за државни патишта и во општината Богданци, како и на нивните интернет страници. Инаку, јавната консултација ќе се одржи во просториите на Дом на култура во општинa Богданци на 31.05.2019 година (петок) со почеток во 12 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *