• Tue. May 14th, 2024

Делегација на Гевгелија во Пазин, Хрватска

Градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков ја предводи општинската делегација, која присуствува на прославата на Денот на град Пазин.

Во општинската делегација, покрај градоначалникот Поцков, се наоѓаат Ташко Дојчинов, претседател на Советот на општина Гевгелија и Тодор Ристов, член на Советот на општина Гевгелија. Делегацијата од Гервгелија, заедно со домаќините и збратимените општини Јабланица и Параќин предпладнево  положија цвеќе на паднатите борци за слобода, на градските гробишта Мој мир.

Потоа, делегацијата присуствуваше на денешната Свечена седница на Советот на град Пазин, на која свое обраќање имаше градоначалникот Ренато Крулчиќ а беа  доделени признанија и награди на градот Пазин.Притоа,, беа презентирани досегашните резултати во развојот на Град Пазин, кој всушност е седиште на Истарската жупанија.Посебно во локалниот економски развој како резултат на развиеното задругарство.

Општина Гевгелија и градот Пазин се збратимија пред десет години, а во овој период, покрај редовните контакти исоработка, беше заеднички реализиран проектот за унапредување на комуникацијата и транспарентноста во рамки на програмата „ЕУ за граѓаните“. На средбата на градоначалниците на Пазин Ренато Крулчиќ и на Гевгелија Сашо Поцков стаае збор за унапредување на соработката. Посебно, кога станува збор за заедничките настапи пред европските програми, но и поврзување на бизнис заедницата. Притоа, како посебни значајни се посочениискуствата на Пазинна овој план.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *