Свет

Замина легендарниот Ханс-Дитрих Геншер

Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска неговиот кабинет.

– Ханс Дитрих Геншер почина ноќеска на 89-годишна возраст во присуство на членовите од семејството во својот дом во Вахтберг, се наведува во соопштението од кабинетот на поранешниот германски министер за надворешни работи.

Како шеф на германската дипломатија со најдолг стаж, тој одигра клучна улога во настаните што уследија по падот на Берлинскиот ѕид и во падот на комунизмот во Централна и Источна Европа.

Геншер е роден во градот Хале во Источна Германија. Тој беше министер за надворешни работи речиси две децении до 1992 година, станувајќи еден од најпопуларните германски политичари. Претходно беше и министер за внатрешни работи.

Препорачуваме:

Видео: Министер пливал 12 часа до брегот по пад на хеликоптер на Мадагаскар

ЕУ официјално ги воведува санкциите за Русија

Сузана Мицева

НАТО по грешка објави 6 тајни локации во Европа каде се чува американско нуклеарно оружје

Сузана Мицева