Свет

Видео: Министер пливал 12 часа до брегот по пад на хеликоптер на Мадагаскар

Министерот за полиција на Мадагаскар Серж Геле е еден од двајцата преживеани во хеликоптерската несреќа на североисточната страна на островот, пишува „Гардијан“, пренесува Макфакс.

По падот на хеликоптерот, тој морал да плива до брегот околу 12 часа.

Во исто време продолжува потрагата по уште двајца патници по несреќата што се случи во понеделникот, соопштија од полицијата и пристанишните власти.

Серж Геле и неговиот колега полицаец вчера наутро одделно пристигнаа на брегот во крајбрежниот град Махамбо, изјави шефот на управата на пристаништето.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, Геле во маскирна униформа лежи исцрпен на лежалка.

„ Се уште не е време да умрам“, рече Геле и додаде дека не е повреден, но дека му е студено.

Спасувачките екипи пронашле 18 тела, а се претпоставува дека во таа хеликоптерска несреќа загинале најмалку 39 лица.

Засега не е позната причината за несреќата.

Препорачуваме:

Канада- Кој има потреба од марихуаната може сам да ја одгледува

Dimitar Micev

Видео-За да се слика, ТРАМП го турна премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ

Dimitar Micev

Поради пожар илјадници луѓе евакуирани во Калифорнија

Сузана Мицева