• Fri. May 17th, 2024

ИСИС и се заканува на Германија

By

Apr 1, 2016 #Свет

Терористичката организација ИСИС ги повика своите радикални следбеници во Германија да тргнат во изведување на напади како оние кои неодамна беа изведени во Брисел, главниот град на Белгија. Сепак и покрај овие закани германските власти истакнуваат дека нема да го подигнат нивото на мерките за безбедност.

Во текот на оваа недела на интернет се појави видео снимка, која наводно е објавена од страна на ИСИС,а во која се повикува радикализираните Германци да се инспирираат од нападите во Брисел на 22 март и со истите да ја нападнат Германија која ја нарекуваат „непријател“ и „бојно поле“.

Во снимката точно се одредуваат и метите па се наведува дека треба да се нападне уредот на германската канцеларка во Берлин, аеродоромот во Бон и т.н.

Причината за повикот на агресија проитв Германија е, како што се наведува во снимката, германското учество во американската анти-ИСИС коалиција во Сирија.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *