Македонија

Заев: Платите на лекарите специјалисти ќе се минимум 100 илјади денари до 2020

Итни реформи во здравството за задржување на лекарите во државата. Владата и министерството за здравство најавуваат скалесто покачување на платите на лекарите, со што до 2020, односно за две години би требало да изнесуваат минимум 100 илјади денари.

На денешната срдба со младите лекари, премиерот им порача на младите лекари да го кренат гласот и да кажат за своето незадоволство, зашто на тој начин се иницираат промени во општеството. Специјализантите се пожалија на неплатени дежурства, на што министерот Филипче одговори ќе се наплаќа и ноќниот труд.

Македонското здравство веќе се соочува со голем дефицит на лекари, речиси во секоја општа болница фалат специјалисти поради што во некои болници не функционираат цели одделенија.

Препорачуваме:

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Сузана Мицева

Пазарните инспектори затвориле 5 угостителски објекти во Скопје и забраниле 60 кафемати

Сузана Мицева

Руралните жени важни за развој на земјоделството