• Tue. May 14th, 2024

Пазарните инспектори затвориле 5 угостителски објекти во Скопје и забраниле 60 кафемати

За пет дена, или од 9 до 13 април, шесте инспекторати во државата спровеле 1.319 надзори, од кои 514 се на Пазарниот инспекторат, чии инспектори затвориле пет угостителски објекти во Скопје, пренесува Макфакс.

Во истиот период пазарните инспектори ги контролирале и кафематите на бензинските пумпи и на сите други локации, при што забранети за употреба се 60 кафемати во Скопје, Тетово, Битола и во Куманово.

„Преостанатиот дел од инспекциските надзори спроведени од страна на Државниот пазарен инспекторат се однесува на контрола на замрзнатите цени на одредени производи кај малопродажните и големопродажните објекти, при што констатацијата е дека повеќето од трговците ги почитуваат одлуките за смрзнати цени од Владата, а онаму каде имало зголемување, на субјектите им е наложено да ги вратат цените на износите утврдени на 11 март“, рече Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседателка на инспекцискиот совет.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 162 надзора во повеќе градови во државата и разни видови субјекти, како маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари.

„Изречени се две мерки поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна, дополнително се издадени и 19 решенија за лоша општа хигиенска состојба. Задолжени се субјектите соодветно да постапат и да преземат мерки и активности за дезинфекција на нивните објекти. Изречена е една глоба за пуштање во промет производ со поминат рок“, соопшти Филиповска-Грашкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *