Регион

Загинати се 12 деца, а останатите се млади луѓе од 25 до 30 години

Загинати се 12 деца, а останатите се млади луѓе од 25 до 30 години

„Голема трагедија. Загинати се 12 деца, а останатите се млади луѓе од 25 до 30 години. Се враќале од Турција и на магистралата Струма од Софија кон Благоевград се случила несреќата. Телефонски разговарав со еден од преживеаните патници, се слушнала експлозија, а тој заедно со другите кои се спасиле ги кршеле стаклата на автобусот и успеале да излезат од него“, изјави премиерот Зоран Заев за бугарски медиуми.

Тешката несреќа се случи ноќеска пред два часот на магистрала Струма, во близина на Перник. Македонските државјани биле на враќање од Истанбул, каде што заминале на 18 ноември. Во екскурзијата организирана од една туристичка агенција од Скопје биле вкупно четири автобуси.

Малку после полноќ, автобусот, кој бил последен во колоната, запрел на бензинска пумпа кај Софија, по што го продолжил патот, за еден час подоцна да се случи несреќата. Локалните власти кои ја истражуваат несреќата велат дека најверојатната причина е човечка грешка или техничка неисправност. Тие засега не можат да потврдат дали автобусот прво удрил во оградата, па се запалил или претходно настанал пожар во него.

Според првите информации, автобусот е на фирмата „Беса транс“, регистрирана во село Рашче, Општина Сарај.

Препорачуваме:

Учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ и дечињата од „Виножито“ го одбележаа доаѓањето на есента

Ѓ. K.

Неделен извештај на ИЈЗ: Продолжува трендот на опаѓање на нови случаи и на починати од коронавирус

Стојне Митева

Ексклузивно: Миловановиќ од А. Пандев стави потпис на четири години во Киево од Италија

Ване Трајков