• Sun. May 12th, 2024

Учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ и дечињата од „Виножито“ го одбележаа доаѓањето на есента

ByЃ. K.

Sep 29, 2023

По повод доаѓањето на есента, учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица дојдоа до идеја за одбележување на истата, преку низа активности заедно со дечињата од детската установа „Виножито“ – Струмица.

Тие изработија игра лавиринт од есенски лисја, декорација „Есенско ќоше“, боеја шишарки во есенски бои и изработија есенско дрво.

Во активноста беа вклучени ученици од III², IV² и II⁴ со нивните наставнички, Мими Дончева и Емилија Великова, заедно со дечињата од големата група и малата група.

By Ѓ. K.