• Fri. May 17th, 2024

Неделен извештај на ИЈЗ: Продолжува трендот на опаѓање на нови случаи и на починати од коронавирус

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021г. тестирани се вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=440; 18,9%), 40-49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и 20-29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=104; 4,5%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 4 лица на возраст од 40-49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група 30-39 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *