Спорт

Ексклузивно – Нов кошаркарски трансфер од струмички Ролинг 08 во унгарски Ујпешт МТ

Уште еден кошаркарски трансфер од редовите на КК ,,Ролинг 08,,. ВИС СПОРТ дознава дека уште едно момче од школата на ,, Ролинг 08,, од Струмица заминува во унгарски ,,Ујпешт МТ,,. Станува збор за 14 годишниот Дејан Ѓеоргиев кој игра одлично на речиси сите позиции а висок е 1,94 м.. Ѓеоргиев  е четири години во струмички ,,Ролинг 08,, кој дефинитивно прерасна во расадник  на млади кошаркари бидејки  за три години ,, исфрли,, три млади таленти во европски кошаркарски гиганти .

Според  информациите на ВИС СПОРТ раководството на ,,Ујпешт МТ,, од Будимпешта Унгарија, речиси цела година  го следел развојот на младиот Ѓеоргиев  кој со ,,Ролинг 08,, учествуваше и на турнирот во Бечеј Србија  и гостувањето во Будимпешта . Задоволни од неговата игра челните луѓе на унгарскиот прволигаш му понудиле договор за Ѓеоргив да биде дел од младинските погони на ,,Ујпешт МТ,, .

Дејан Ѓеоргиев кој е стандарден член на младинските состави на Ролинг 08 тој е дел и од  македонската кошаркараска репрезентација до 14 години каде постојано е во стартните петорки .

Ова е трет меѓународен трансфер од редовите на струмички Ролинг 08 откако пред три сезони Кирил Панов замина во Шпанија во ,,Тера Алфас,, а во декември минатата година трансфер направи и плејмејкерот Никола Мицев во Унгарија каде заминува и Дејан Ѓеоргиев а тоа е младинските погони на клубот ,,Ујпешт МТ,, од Будимпешта.

Препорачуваме:

ДА и девојките играат фудбал – ЖФК Тиверија со кампања против дискриминацијата и расизмот во фудбалот

Ване Трајков

Виктори се поблиску за разигрување за Шампионска титула, го освои Пелистер и сега се во Топ 4

Младата репрезентативка на Украина, Елена Михаилотенко е новото засилување во Наковски волеј

Ѓ. K.