Регион

Вечерва избувнале три пожари за неполн час кај Попчево и над Вељуса

Според информациите на Канал ВИС вечерва три пожари избувнале за неполн час. Пожарите избувнале над селото Попчево, кај комплексот Цареви Кули и над селото Вељуса. Се претпоставува дека се подметнати. Мобилизирани се екипите на ТППЕ Струмица за интервенција од каде потврдија дека имало пријави за пожари. Пожарите  имаат зафатено ниско стеблеста шума и постои опасност истите да се прошират

Во непосредна близина на овие локации според непотврдени информации, денеска имало рација за дрвокрадство при што се одземени неколку просторни кубни метра дрвја од дрвокрадци.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат повеќе информации за состојбата со овие три пожари…

Препорачуваме:

Честитка од Јаневски за Бадник и Божиќ

Сузана Мицева

Нови економски мерки ќе носи новата Влада

Стојне Митева

Кривично ќе одговара мајката на 4-годишното девојче кое беше хоспитализирано и неухрането со многу рани

Ѓ. K.