Спорт

Фото – Стадионот Младост во Струмица блесна во сино бела боја !!!

Стадионот ,,Младост,, во Струмица блесна во сино бела боја, официјалната боја на ФК Беласица кој годинава одбележува 95 години од формирањето. Деновиве се поставени столчињата на трибините а во сино бела блеснаа и новите трибини изградени зад головите на фудбалскиот терен на Младост. 

Освен што се подигнати нови трибини и поставени нови столчиња, на стадионот Младост значително е подобрено и осветлувањето, обновени се просториите за фудбалските екипи но и просториите за официјалните лица на еден натпревар. 

Според информациите и во престојниот период ќе се работи на Младост со цел да бидат исполенти сите услови за одигрување на репрезентативен меч споре правилата на УЕФА

Инаку ,,новиот,, Младост ќе го сефтоса македонската фудбалска репрезентација  на 5 септември кога во Струмица ја пречекува селекцијата на Албанија во квалификациите за СП идната година. Освен овој репрезентативен меч, струмичкиот стадион Младост ќе биде домакин и на селекцијата на Лихтенштајн

Препорачуваме:

Славје во Тетово – Пандевци го поразија шампионот Шкендија, Беласица киксна дома

По сениорите, младинците и кадетите на ОК Струмица- ШАМПИОНИ !!!

Битолска судиска двојка на ракометниот Супер Куп во Струмица

Ѓ. K.