Македонија

Еврокомесарот Вархеји денеска во Скопје

Еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји денеска престојува во земјава и ќе има средби со државниот врв.

Како што е најавено, во неговата агенда прва е средбата со премиерот Зоран Заев и со членови на Владата. По билатералната средба и свечената седница на Владата, Заев и Вархеји ќе одржат прес-конференција.

Предвидено е еврокомесарот да се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, и да има обраќање пред пратениците во законодавниот дом.

Најавен е и работен ручек на Вархеји со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

За време на престојот во земјава еврокомесарот ќе се сретне и со лидерот на ВМРО–ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Вархеји доаѓа во Скопје откако вчера беше објавен извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на патот кон ЕУ, како и економскиот план за Западен Балкан. Тој порача дека целта на Европската комисија и на германското претседателство е првата меѓувладина конференција со Северна Македонија да се одржи до крајот на годинава.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

ССМ денеска излегува на штрајк за повисоки плати

Ване Трајков

Почнува вакцинирањето со Спутник В

Сузана Мицева

МВР И РБСП со кампања ,,Безедно возење на трактори’’, оти бројките на сообраќајки со трактори иста како и лани

Ване Трајков