Македонија

Истражување: Ковид вирусот на кожа живее до девет часа

Вирусот ковид-19 може да преживее на човековата кожа до девет часа, покажа најновото лабораториско истражување.

Преживувањето на коронавирусот на човековата кожа е четири ипол пати посупериорен во однос на вирусот на грип, кој трае помалку од два часа.

– Развивме модел кој овозможува безбедна репродукција на клинички студии за примена на патогени на човековата кожа и кој откри колку е стабилен вирусот ковид 19 – велат авторите.

Научниците од Универзитетот во Кјото во Јапонија добија форензички примероци од човекова кожа за да не се заразат здрави волонтери. Тогаш клетките на кожата беа измешани со примероци од коронавирусот и вирусот на грип А, кој исто така се шири со капки и контакт со луѓе.

Резултатите покажаа дека вирусот на грип живееше на кожата 1,8 часа, а вирусот ковид-19 дури девет часа.

Препорачуваме:

Нови 619 случаи на Ковид-19 и 4 починати лица

Премиерот Ковачевски со честитка за Денот на независноста на САД: САД се наш стратешки партнер чија поддршка е исклучително ценета

Ѓ. K.

Кочан може да излезе од затвор две години порано, ако Пендаровски реши да му скрати половина од казната

Сузана Мицева