Регион

Домот на културата- Гевгелија ја проширува својата дејност со Секција за традиционални ора и традиционално пеење

  Домот на културата „Македонија“- Гевгелија покрај вршење на драмска, книжевна, филмска и кинематографска и музичка дејност, започнува со воведување на нова дејност, отвора фолклорна секција за традиционални ора и традиционално пеење. Реализацијата на наставата ќе започне од месец март, а ќе трае до декември, а ќе се одржува во просториите на Народниот театар- Гевгелија. Со секцијата ќе раководи Силвестер Проле, дипломиран етнокореолог. Наставата можат да ја следат деца од над 7 години. Заинтересираните можат да започнат со пријавувања од денес, 24.2.2020 година, секој работен ден од 8 до 15 часот, во просториите на Народниот театар- Гевгелија.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Забрана за музика низ локалите, а на маса најмногу по четворица

Фото – Повеќе од 300 литри ракија се испече на Ракијадата во Валандово

Ване Трајков

Василево доби нов градоначалник- Марјан Јанев од СДСМ слави победа