• Fri. May 17th, 2024

Oпштински барања и наплата на комунални услуги во Отворената канцеларија

 Граѓаните на Гевгелија и на населените места своите барања и информации за одредени услуги од надлежноста на Oпштината, освен во Oпштинската зграда, можат да ги поднесат и да ги добијат во новоотворената канцеларија која се наоѓа во центарот на градот. Во Отворената канцеларија која се наоѓа на улица „Маршал Тито“ (поранешен Туристичко информативен центар) граѓаните можат да се информираат и да поднесат барања и други поднесоци од надлежноста на Oпштина Гевгелија, а се издаваат и обрасци за сите општински услуги.

               Исто така, во Отворената канцеларија можат да се врши и наплата на сметки за комунални услуги за физички лица од ЈПКД „Комуналец“. Овде се издаваат и обрасци за сите барања за услуги од Jавното комунално претпријатие.

               Отворената канцеларија врши услуги во сите работни денови од неделата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *