Регион

Доаѓаат студени денови, Македонија од утре под снег

Подгответе се за вистинска зима. Од утре Македонија ќе биде под влијание на ладна и воздушна маса. На само неполна недела до март-месецот на пролетта, нашата земја ќе се покрие со снежна покривка. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Македнија доаѓа снежен бран, а температурите насекаде ќе бидат под нулата. Врнежи од снег ќе има насекаде, само во крајниот југоисточен дел од земјава повремено ќе бидат од дожд и снег. Како што велат синоптичарите, пообилни врнежи ќе има утре во текот на ноќта и во понеделник претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка. На пониските места се очекува да наврнат околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и над 30 см снег.

Во вторник се уште ќе има слаби врнежи од снег само во западните делови од земјава. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Дневните температури речиси насекаде ќе бидат под нулата. Утринските температури од вторник до четврток на места ќе се спуштат и под минус 10 степени. Инаку, во регионот веќе е прогласен црвен метеоаларм, поради снегот. Во Хрватска има 118 сантиметри снег, а делови под снег се и во Србија.

Препорачуваме:

Тутунарите бараат покачување на откупната цена

Некои граѓани веќе наседнале: Измамник бара пари за да враќа стари пензии

Стојне Митева

Денеска се слави Св. Великомаченик Димитриј – Митровден

Ѓ. K.