Регион

Ќе има реконструкција на Владата оти ќе се зголеми владеачкото мнозинство , кажа Премиерот Заев во Конче

Премиерот Зоран Заев најави реконструкција на Владиниот кабинет поради зголемување на бројот на пратениците на владејачкото праламентарно мознинство. Тој ова го најави на отворената граѓанска трибина во Општина Конче, каде Заев присуствуваше со министерот за земјоделие Љупчо Николовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска. Одговарајќи на новинарско прашање зошто да се чека десет месеци од формирањето на оваа Влада за да има смена на функционери кои ниту знаат, ниту пак се трудат ,Заев одговори дека реконструкција ќе има бидејки ќе расте бројот на пратениците во владејачката парламентарна група.

,,Прво, ќе има реконструкција затоа што ќе расте бројот на пратениците во владејачката парламентарна група. Разговараме со дополнителни пратеници и мислам дека треба да овозможиме стабилност на парламентот од повеќе аспекти. Јас се надевам дека и опозицијата ќе се врати, но и вкупиот број на парламентарното мнозинство би требало да биде посоодветно за да нема прекини на седниците, паузи, собири на пратениците. Верувам дека ќе успееме и тоа ќе предизвика реконструкција на Владата“, рече Заев и уште еднаш потврди дека има функционери што не знаат, ниту пак се трудат во Владата.

Препорачуваме:

Струмица продолжува со подобрување на енергетската ефикасност во училишта

Ване Трајков

По една година утре премиера на претставата Бракот на „Марија Браун“ во НУЦК Антон Панов

Видео: Новогодишно обраќање на Костадин Костадинов градоначалник на Општина Струмица