• Sat. May 11th, 2024

Тутунарите бараат покачување на откупната цена

Покачување на откупната цена на тутунот бараат производителите. Велат дека секоја година бараат од откупувачите мало покачување на цената на тутунот со цел поголема исплатливост на оваа индустриска култура.

Трајков објаснува дека тутунопроизводството во регионот и соседните држави е исто така во опаѓање. Тенденциите се приближување на откупните цени на ниво на оние од соседството.

Влегувањето на новиот откупувач на тутунскиот пазар треба да ја зголеми конкурентноста, а со тоа и да ги придвижи цените кон горе, сметаат тутунарите.

Зголемен интересот за производство на тутун во струмичкиот регион. За разлика од минатата година кога биле пополнети околу 2600 евидентни листови, годинава за производство на тутун се пријавиле 2750 тутунопроизводители.

Освен бројот на евидентни листови зголемување има и на површините кои треба да бидат засадени со тутун. Од здружението на тутунопроизводители  Басмак велат дека годинава  со оваа култура  се очекува да бидат засадени околу 130 хектари за разлика од минатогодишните  90.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *