Регион

ДЗС: Бројот на туристите зголемен за 25 проценти во март за разлика од лани

Во март годинава за 25 проценти повеќе туристи одморале во Македонија во споредба со истиот месец лани. Државниот завод за статистика излезе со податоци кои покажауваа зголемување на бројот и на домашните и на странските гости. Хотелиерите во Дојран велат дека и мигранстката криза донесе гости во овој наш туристички центар.

Освен странските, и домашните гости се вратија во Дојран. Вели Туџаров кој смета дека треба да се направат нови плажи зошто постојните се под вода.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2018 година изнесува 53 836, а бројот на ноќевањата изнесува 108 638.  Бројот на туристите во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 25.1 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 18.7 %.

Бројот на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 18.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 28.4 %.  Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2018 година, во однос на март 2017 година, е зголемен за 3.6 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 28.5 %.

Препорачуваме:

Социјалните ментори се новите агенти на промени на инклузивниот пазар

Водици во Вељуса

Наставници од Ново Село на обука за енергетска ефикасност во Сандански, Бугарија