Регион

Младите си одат од земјава оти немаат работа и можности за напредување

Надвор од Македонија живеат и работат повеќе од 29 отсто високобразовани поединци, а вкупниот број на иселеници изнесува 21 отсто, покажуваат последните податоци од Светска банка.

Истражувањата покажуваат дека фактори за „одливот на мозоци“ се ниските плати, недостиг на можности за соодветна напредна обука и развој на кариерата, тешкотии да се стане целосно квалификувана академски и кредибилна личност, недостиг на слобода во истражувањата, изолација од меѓународни академски дебати и сл.Ова на денешната конференција „Brain Drain: Перспективи на младите луѓе“ го соопшти министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Веднаш по стапување на функцијата министер за образование и наука, како што рече, од МОН беа одобрени согласности за вработувања на млади квалитетни луѓе на на универзитетите во Македонија.

Според неа, со тоа успеале да вратат дел од луѓето кое работеле на европските универзитети, а дел спречиле да заминат.– Минатата недела беше објавен Законот за високо образование така што оваа недела веќе се пуштени нови согласности во Министерството за финансии кои ќе овозможат нови вработувања на универзитетите. Таргетираме млади луѓе кои имаат висок просек и кои имаат истражувачки потенцијали да останат на универзитетите во Македонија, рече Дескоска. Додаде дека младинската гаранција треба да овозможи вработливост на младите и нивно останување во Македонија.

Препорачуваме:

Преполовен бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 во Гевгелија

Сузана Мицева

Олумчев: Има широка трансмисија на КОВИД-19

Преку ЦРЈИПР во Дојран ќе има камп за преприемништво и иновации

Ване Трајков