Регион

„Ден без автомобили – парада за нулта емисија на штетни гасови“ на 22 септември во Струмица

По повод Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили, Europe House Струмица ви ја најавува овогодинешната „Ден без автомобили – парада за нулта емисија на штетни гасови“.

На 22-ри септември, дел од улиците на Струмица ќе бидат исклучително резервирани за велосипеди, тротинети, ролери, бордови и други превозни средства кои не испуштаат штетни гасови.

Целта на овој ден е да ја крене свесноста кај луѓето за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија.

Збирно место за настанот е плоштад „Гоце Делчев“ Струмица од 10:30 часот наутро, а поворката ќе тргне од 11:00 часот.

Рутата на движење ќе биде: 

Од плоштад „Гоце Делчев“ Струмица, бул. Маршал Тито, сѐ до Хотел Илинден и преку ул. Ѓуро Ѓаковиќ поворката се приклучува на ул. Маршал Тито (старата чаршија) до општинската зграда и парадата ќе заврши во малиот градски парк.

Препорачуваме:

Запленети 14 килограми хашиш на Деве Баир

Стојне Митева

Костадинов: Мојата борба има свој слоган: „Без корупција за среќна и напредна Струмица“

Ѓ. K.

Видео: Струмичани преку Граѓански новинар се жалат на искршени клупи на Градскиот плоштад

Ване Трајков