• Fri. May 17th, 2024

Жителите на Седларци ќе добијат соодветен простор за одмор и дружење

ByЃ. K.

Sep 15, 2023

Запуштениот и руиниран центар во Седларци ќе стане минато, жителите на Седларци ќе добијат соодветен простор за одмор и дружење. Тоа е барање на жителите на Седларци кое веќе почна да се реализира.

Центарот на Седларци ќе добие нови содржини: поплочување на центарот со бекатон плочки; поставување на урбана опрема; клупи и корпи за отпадоци; уредување на стариот бунар, чешма за вода за пиење; хортикултурно уредување со високо и ниско зеленило како и со сезонско цвеќе.

„Општина Василево се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат“, стои во објавата на градоначалникот Славе Андонов.

By Ѓ. K.