Регион

Запленети 14 килограми хашиш на Деве Баир

Пресечен е меѓународен канал за трговија со хашиш, пришто на граничниот премин Деве Баир приведен е албански државјанин.

Од МВР информираат дека се запленети 14 килограми хашиш, кои од Албанија, па преку Македонија и Бугарија, требало да стигнат во Турција.

„По претходно преземени мерки, во 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир (на излез од РСМ) извршен е претрес на возило БМВ, управувано од албанскиот државјани Х.Х. (60) при што во два бункера биле пронајдени пакувањата со хашиш. Х.Х. е лишен од слобода и во текот на денот ќе биде предаден на надлежното обвинителство со соодветна кривична пријава“, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

Препорачуваме:

Тродневна премиера на претставата „Каин“ во Струмица

Сузана Мицева

Стомачниот вирус и бронхиолитите често застапени во овој период кај малите деца

Официјално отворање на манифестацијата „Дојран – град на култура” на 19 март

Dimitar Micev