• Sun. May 12th, 2024

Тродневна премиера на претставата „Каин“ во Струмица

Може ли Каин да му ги даде одговорите за суштествувањето на денешниот човек? Доволна ли е умешноста на една театарска претстава да ги разгатне милениумските дилеми коишто ги преживеале сите времиња и епохи и до денес го тиштат човекот? Сирови, битови прашања се начнуваат во најновата претстава „Каин“ на здружението „Транзен“ од Струмица.

Претставата е во режија на Дејан Ангелов а е работена според истоимената драма на Бајрон и „Изгубениот рај“ на Џон Милтон. Улогите на Каин и Луцифер ги толкуваат Саше Урдовски и Стојан Велков – Трн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *