Свет

Два месеца нема да има воз од Македонија кон Белград

Во следните два месеци, меѓународните возови од Македонија, кон Белград нема да сообраќаат, соопштија Македонски железници, поради работи на пругата.

Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Скопје и обратно, од понеделник, 18 април до 18 јуни 2016 нема да сообраќаат, соопшти Македонски железници Транспорт а.д. Скопје.

Двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување градежни работи на железничката линија на територијата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.

извор:makfax.com.mk

Препорачуваме:

Ковидот коси во Црна Гора

Сузана Мицева

Имунитет на стадо можен доколку се вакцинираaт доволен број луѓе, тврди американски епидемиолог

Сузана Мицева

Кои намирници ќе бидат дефицитарни во 2023?

Сузана Мицева