• Thu. May 16th, 2024

Ковидот коси во Црна Гора

Ковидот коси во Црна Гора. Вкупно 126 лица починаа како резултат на коронавирусот од почетокот на март. Во текот на цел јануари, пак, починале вкупно 123 лица, пренесуваат црногорските медиуми.

Вчера, Клиничкиот центар на Црна Гора забележа најголем број хоспитализации на пациенти со коронавирус, но и најголем број на опасни по живот пациенти од појавата на вирусот во Црна Гора. 141 од нив вчера биле хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора, а она што дополнително ја комплицира и алармира состојбата е дека 82 пациенти се опасни по живот.

Црна Гора е на првото место во регионот според сите лоши параметри во борбата против Ковид-19. Таа е прва во регионот според бројот на хоспитализирани и бројот на активни случаи на 100.000 жители. Највисоката четиринаесетдневна инциденца на нови случаи на инфекција со коронавирус на 100.000 жители е забележана во Црна Гора.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *