• Thu. May 16th, 2024

Кои намирници ќе бидат дефицитарни во 2023?

Низ светот и во 2023 година сè уште има многу проблеми кои ја засегаат прехранбената индустрија – лошите временски услови, војната во Украина, инфлацијата… Кога одите на шопинг, можно е да најдете само дел од производите што ви се потребни. Во однос на временските непогоди, војната во Украина, болестите кои ги погодуваат растенијата и слично, порталот EatThis.com издвои осум производи чиј недостиг може да се забележи во светот годинава.

1. Говедско месо

Во 2022 година, сточарите и земјоделците се соочија со различни тешкотии поради рекордните временски настани. Што се однесува до ситуацијата во САД, Тексас, најголемиот производител на говедско месо, е погоден од екстремна суша во поголемиот дел од летните месеци. Многу сточари беа принудени да продадат значителна количина од својот добиток порано од очекуваното.

2. Марула

Постојаниот недостиг на зелена салата најпрво ги погоди рестораните, но сега се пресели на полиците на продавниците за храна, зголемувајќи ги трошоците и гушејќи ги залихите. Во ноември цената на зелената салата скокна за речиси 20 отсто во однос на претходната година. Овие проблеми со зелената салата беа предизвикани од болеста наречена Импатиенс.

4. Конзервирани пијалоци и храна

На почетокот на пандемијата, луѓето во паника купуваа конзервирана храна и пиеја повеќе конзервирани пијалоци дома, а тоа доведе до неочекувано зголемување на побарувачката за алуминиум. Одредени видови на конзервирана производи, од храна за домашни миленици до пиво, поради недостиг на амбалажа од алуминиум, , стануваат се потешко да се најдат, дури и ако се многу поскапени.

5. Сончогледово масло

Војната во Украина игра голема улога во намалената понуда на овој кујнски производ. Украина е главен производител на семки од сончоглед и масло, а во 2020 година произведе речиси 50 отсто од светската понуда. Се додека трае конфликтот, најверојатно сончогледовото масло ќе биде се уште на листата на загрозени производи.

6. Леб и други производи од пченица

Украина и Русија заедно произведуваат околу 30 отсто од светскиот извоз на пченица. Лебот лани поскапе за 15,7 отсто. Следат житариците и пекарските производи со скок од 16,4 отсто, а брашното и другите готови мешавини од брашно забележале неверојатен скок од 24,9 отсто.

7. Пченка

Соединетите Американски Држави се најголемиот светски производител на пченка. Многу области беа погодени од високи температури и силни бури. Ограничениот извоз од други земји како Бразил и Украина во текот на оваа вегетативна сезона не помогна на проблемот.

8. Портокал и сок од портокал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *