• Sat. May 18th, 2024

Поплави во Србија-се трага по исчезнати лица

Дождот кој непрекинато паѓаше неколку дена предизвика издигнување на реки и поројни води кои поплавија куќи во Сјеница, Пријепоље, делови од Нови Пазар, Тутин Рашка, Брус и Куршумлија, каде беше прогласена вонредна состојба.

Потрагата по двајца мажи кои ги однесе поројот во Нови Пазар се уште трае.

Поради покачување на нивото на реката Ибар, на територијата на општина Рашка е поплавена индустриската зона, а наредба е да се затворат градинките и училиштата, јавува Радио телевизија на Србија.

Одрони ја загрозуваат територијата на општина Брус.

Нивото на реката во Сјеница и Нови Пазар во текот на ноќта се спушти, а дождот беше заменет со снег.

Полицијата во текот на ноќта трагаше по двајца мажи кои во четвртокот на 19 јануари ги однесоа поројните дождови во Нови Пазар. На снимките на социјалните мрежи се гледа како маж се обидува да фати друг маж кој го понесува поројот, но и тој паѓа во водата која го носи.

Претседателот на општина Рашка, Немања Поповиќ рече дека Кризниот штаб издал наредба за затворање на градинките и средните училишта.

Како што вели, реката Ибар е на историски максимум, а освен индустриската зона, водата ги загрозува и домаќинствата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *