Спорт

Горан Пандев со признание од ФФМ за развој на репрезентативниот фудбал а Александра Ристовска од Тиверија избрана за најдобра фудбалерка

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев доби признание од ФФМ  за посебен придонес за развој на репрезентативниот фудбал  на вечерашнава манифестација ,,ФФМ ги избира најдобрите,,. Признанието го добива за залагањето на Пандев за македонската А селекција која го освои првото место во групата во Лигата на нации каде Македонија е на прагот за пласман на ЕП.

„Сакам да изразам голема благодарност до ФФМ за посебен придонес во репрезентацијата. Би сакал на целата спортска јавност да ѝ посакам добри празници и уште еднаш, горд сум што добивам вакво признание“, истакна Горан Пандев преку видео порака од Италија.

На вечерашниот избор капитенката на ЖФК Тиверија Алексанра Ристовска доби признание за најдобра фудбалерка во женскиот клупски фудбал во земјава додека Славе Велков за развој на женскиот фудбал

На вечерашнава манифестација ФФМ уште еднаш му оддаде почит на струмичката фудбалска легенда Благој Истатов

НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ЗА 2018 ГОДИНА:

Најдобар фудбалер: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)

Посебен придонес во репрезентативниот фудбал: Горан Пандев (Џенова, Италија)

Најдобар репрезент во странство: Енис Барди (Леванте, Шпанија)

Најдобар тренер: Ќатип Османи (ФК Шкендија)

Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)

Фер-плеј екипа: ФК Шкендија

Најдобар фудбалски работник: Кирил Гогов (ФК Кит Го – Пехчево)

Најдобар судија: Марјан Маркоски (Охрид)

Најдобар клуб во младински фудбал: ФК Шкендија

Најдобар млад фудбалер: Енис Фазлагиќ (ФК Шкендија)

Најдобар тренер во младински фудбал: Беким Османи (ФК Шкендија)

Најдобар стрелец во младински фудбал: Абулхади Јахја (ФК Вардар)

Најдобар фудбалер во футсал: Дарко Рангетов (КМФ Велес)

Најдобар тренер во футсал: Марјан Стефановски (КМФ Велес)

Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)

Најдобра фудбалерка: Александра Ристовска (ЖФК Тиверија)

Најдобар стрелец во женски фудбал: Улза Максути (ЖФК АС јунајтед)

Млад перспективен фудбалер во женски фудбал: Јана Чубриновска 

Признание за придонес во женски фудбал: Славе Велков

Препорачуваме:

Помладите пионери У16 од тимот на Брера се пласираа во големото финале

Ѓ. K.

И спортисти ќе чекорат на неделната модна ревија со лицата со попреченост и ќе упатат порака ,, Убави сме, свои сме’’

ФОТО: Мак-Струмица по 5 месеци постоење излезе на меѓународна сцена и се врати со пехар !

Ване Трајков