• Fri. May 10th, 2024

И спортисти ќе чекорат на неделната модна ревија со лицата со попреченост и ќе упатат порака ,, Убави сме, свои сме’’

ByВане Трајков

Nov 30, 2018

На неделната модна ревија во чест на лицата со попреченост, преку која ќе се испрати порака за прифаќање на различностите – манифестација што по втор пат ја организира Здружението за помош и поддршка на лица со попреченост ,,Вера” од Струмица ќе учествуваат и спортисти .

Фудбалерот на Беласица Зоран Балдовалиев и директорот на фудбалската репрезентација на Македонија Дени Масев, ќе бидат модели и асистенти  на децата со попречености кои ќе зачекорат по модната писта во хотелот Вила Парк во Струмица

Настанот е насловен ,,Убави сме, свои сме”, и ќе се одржи на 2 декември, со почеток од 16 часот во хотел Вила Парк, во Струмица. На  настанот  познати лица од јавниот живот ќе се појават во улога на модели, односно ќе им бидат придружба на модната писта на децата со попреченост.

,,Пред една година имавме ревија, која ја организиравме каде нашите мачиња колачиња (лицата со Даунов синдром и попреченост), се шетаа на модната писта со познати ликови од Македонија. Оваа година ќе го повториме истото! Имаме 25 модели, придружени со познати личности, но оваа година на сцената ќе бидат и другарчињата на нашите модели.  Ќе ги бодрат, ќе се радуваат со нив и ќе играат на музиката,, стои во поканата за неделната модна ревија.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *