Регион

Годинава поради пандемијата КОВИД 19, нема да се одржат традиционалните Владимирски илинденски средби

Долгогодишната традиција на повеќе генерации жители на беровското село Владимирово, познато како едно од селата што дале најмногу учени луѓе во Македонија, па и во регионот, големиот македонски празник Илинден масовно  се прослвувува , но oваа година нема да се организира поради пандемијата со Ковид 19.

Оваа 2020 година поради пандемијата КОВИД 19, нема да се одржат традиционалните Владимирските илинденски средби, односно нема да се одржат со препознатливите содржини.
Сепак, во продолжение ќе наведеме неколку податоци од историјата на Владимирово.

Во минатото Владимирово важело за едно од понапредните населени места во Малешевијата.
Во последните години ја дели судбинта на многуте населени места во Источна Македонија, миграциите го направиле своето. Во некогашната голема и бучна наслеба сега е многу мирно а децата се реткост.
За разлика од сега во Основно училиште во селото до осмо одделение во 1952/53 год. со 357 ученици.
Што би дошло над 40 деца во секое оделение(училница)
Но во 1975/76 год. имало вкупно 124 ученика до осмо одделение.(или просечно по 15 во едно одделение.)
Затоа и е укината осмолетката, останале само првите четири одделенија.
Поточно вишите одделенија,кои што во изминатиот период дадоа најголем број на доктори на науки,магистри и други ВС кадри во Републиката.
Ако се земе бројот на лица со академски звања, според бројот на вкупното население, сигурно ќе избие на многу високо место на поширокиот Балкански регион.
Според патеписците, а посебно според книгат Малешево и Малешевци од Јеремија Павловиќ, издадена 1925 година, Владимирово е трета по големина населба, но и по економска, културна и урбана традиција.
Во Малешевијата владимирци се познати како предузимливи трговци, вредни земјоделци, но и иницијативни, кога е во прашање подобрување на економскиот, културниот и духовен живот.

 

Препорачуваме:

Ученици од музичкото училиште „Боро Џони“ најдобри на меѓународниот натпревар во Бугарија

Dimitar Micev

Малолетници излетале со четирицикл во Струмица, двајца повредени

Ѓ. K.

Воз прегази две лица на железничката пруга помеѓу Гевгелија и Демир Капија

Сузана Мицева