Регион

Ученици од музичкото училиште „Боро Џони“ најдобри на меѓународниот натпревар во Бугарија

Учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ уште еднаш го потврдија својот квалитет. На меѓународниот натпревар по гитара кој по 20-ти пат се одржа во Ќустендил, Република Бугарија, се вратија со две први и една втора награда. Жирито беше составено од претставници на повеќе држави, а во него беше и м-р Васко Пиличев, професор во музичкото училиште „Боро Џони“.

На натпреварот учествуваа повеќе од 150 ученици и студенти од неколку држави, а нашите сограѓани се вратија со вредни награди.Стојан Стојанов освои прва награда во конкуренција до 15 години, дуото гитари Стефан Локов и Велјан Дојчинов освоија исто така прва награда во конкуренција на камерна музика, а во истата конкуренција учениците Митко Витанов и Кирил Ичков освоија втора награда.

Учениците од музичкото училиште „Боро Џони„ сега се подготвуваат за државниот натпревар кој ќе се одржи во мај, како и меѓународниот натпревар во Ниш.

Препорачуваме:

Објавен повикот за финансирање на руралниот развој

КАДРО – Струмица организира изложба на фотографии „Присутност“ на Валентин Малинов

Ѓ. K.

Владимир Трајчев од Струмица доби стан како победник на Типстер купот на „Sport Life“

Ѓ. K.