• Fri. May 17th, 2024

Малолетници излетале со четирицикл во Струмица, двајца повредени

ByЃ. K.

Feb 23, 2024

На 21.02.2024 во 19.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Ѓорги Упчев“ и ул.„Мара Минанова“, четирицикл без регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струмица, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Струмица“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

By Ѓ. K.