• Fri. May 17th, 2024

Венко Андоновски во Струмица го промовираше својот најнов роман „Папокот на светлината“

ByЃ. K.

Feb 23, 2024

Синоќа во во ресторанот Ројал Парк Струмица гостуваше професорот и писател Венко Андоновски.

Повод за книжевната посета беше неговиот најнов роман „Папокот на светлината“ за кој ја доби и Меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ во Москва, Русија.

Настанот го модерираше поранешната студентка на Андоновски, професорката Билјана Костадинова, а присутните имаа можност да се запознаат со авторот, да постават прашања и да поразговараат за неговите романи.

By Ѓ. K.