Регион

Гевгеличани традиционално Новата 2024 година ќе ја дочекаат на Градскиот плоштад

Граѓаните на општина Гевгелија, традиционално Новата 2024 година, ќе ја дочекаат на Градскиот плоштад во Гевгелија. Трета година по ред, Општина Гевгелија ќе го организира новогодишниот дочек со богата културно – забавна програма, во којашто учество земаат локални музички групи и уметници.

Годинава, за забавата за највеселата ноќ во гoдината се задолжени Оливера Станковска, „Лајф бенд“ и триото „Хитс“ во состав на Моки, Марија и Слободан. Исто така, ќе настапат и КУД „Танец“ од Миравци и популарниот Дејан Малзарков со stand up комедија – Diverzija. Гостин на вечерта ќе биде познатиот македонски пејач, Ристо Самарџиев со пријателите, кој ќе ги забавува гевгеличани за Нова година со својот познат репертоар. Водител на Новогодишниот дочек на 2024 година, на плоштадот во Гевгелија, кој започнува во 20:00 часот, на 31 декември, ќе биде Никола Опров.


Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го најави дочекот на Новата 2024 година на Градскиот плоштад во Гевгелија и ги покани гевгеличани на заедничкото прославување.

Гевгелија заслужува да биде урбано место со богата музичка и други културни содржини преку целата година. Водејќи се од тоа дека традицијата треба да се негува, граѓаните повторно ќе имаат можност заеднички да ја дочекаат Новата 2024 година на Градскиот плоштад во Гевгелија, порача Сарамандов и ги повика гевгеличани на заеднички дочек на Новата 2024 година.

Препорачуваме:

Комуналец ги избра најдобрите 5 селектирачи за месец јануари согласно проектот „Селектирај отпад“

Ѓ. K.

Во Струмица одбележана 20-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Ѓ. K.

Не користи пиротехнички средства- превентивна активност на СВР Струмица

Ване Трајков