• Fri. May 17th, 2024

Социјалната населба во Струмица се гради според планираната динамика

ByЃ. K.

Dec 19, 2023

При крај се градежните активности од првата фаза во делот на нискоградбата која чини 100 милиони денари, а опфаќа реализација на пристапна улица, изведба на планирани платформи за куќи, потпорни ѕидови и инфраструктурни активности – информираше првиот човек на општината, градоначалникот Костадинов.

Костадинов денеска потпиша договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и преку Владата се обезбедени 65 милиони денари за втората фаза од изградбата на населбата.

Социјалната населба е еден од најголемите капитални проекти, а истиот решава повеќедецениски проблем во долното и горното Турско маало во Струмица.

By Ѓ. K.