• Wed. May 22nd, 2024

Крводарителска акција на ОО Црвен крст – Гевгелија во соработка со СОУ „Јосиф Јосифовски“

ByЃ. K.

Dec 18, 2023

ОО Црвен крст – Гевгелија организира Крводарителска акција во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.

Имено, Крводарителската акција ќе се одржи на 20 декември 2023 година (среда), во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија, со времетраење од 09:00 до 16:00 часот.

Целта на организацијата, како што велат од ОО Црвен крст – Гевгелија, е да се врати традицијата за дарување крв и хуманоста за спас на човечки живот во претпразничниот периoд.

By Ѓ. K.