• Thu. May 16th, 2024

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов ги посети дечињата од детската градинка „Кокиче“

ByЃ. K.

Dec 20, 2023

Периодот пред Новогодишните и Божиќните празници е време на споделување радост, љубов, добрина, среќа. Токму по повод претстојните празници, денес градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, ги посети дечињата од детската градинка „Кокиче“ во Нов Дојран и со новогодишни подароци придонесоа радоста на нивните лица да биде неизмерна.

Прекрасната атмосфера ја надополни присуството на Дедо Мраз, но и завршувањето на објектот во склоп на градинката. Дечињата добија мебел, едукативни играчки и други детски содржини кои несомнено ќе направат нивниот престој во градинката да биде уште попријатен и незаборавен.

Ангов им посака на сите дечиња и на нивните родители многу среќа, здравје и дом исполнет со мир, спокојство и убавина. Со убавите и топли фотографии од нашите најмали и најмили посакаа радост токму како нивната и пријатни и бериќетни претпразнични денови.

By Ѓ. K.