Регион

Гевгелискиот скулптор, Перо Кованцалиев- добитник на наградата „Боро Митриќевски“

Перо Кованцалиев, гевгелискиот ликовен уметник и скулптор, за своето дело „Ирационални бранови“ се закити со традиционалната награда „Боро Митриќевски“ на изложбата „Современа скулптура“. Изложбата се организираше од страна на Друштвото на уметници на Македонија во рамките на манифестацијата „Скопско културно лето“, под покровителство на Министерството за култура и Град Скопје, а беше поставена и отворена на 20 јули, 2020 година, во уметничкиот центар „Арт хаб“, во Градскиот трговски центар.
            – Ми претставува огромна чест и задоволство што сум добитник на оваа награда која го носи името на истакнатиот скулптор Боро Митриќески и која ја доделуваат неговото семејство и ДЛУМ. Признанието се доделува во една значајна категорија за мене, а тоа е современата скулптура. Со оваа изложба ДЛУМ останува посветен кон мотивирањето на нас, помладите уметници и ја поддржува нашата нова компонирана продукција. Моето дело кое е наградено –  „Ирационални бранови“ претставува еден кинетички објект кој иронично го опева технократскиот симбол во консумирачкото општество. Прави едно соочување со секогаш присутниот идол за надминување на човечката немоќ која е наметната во сите сфери на секојдневното дејствување, истакна Кованцалиев при добивањето на наградата.
            Од страна на семејството на  македонскиот истакнат скулптор, Боро Митриќевски, која награда го носи неговото име, на Кованцалиев ќе му биде доделена парична  парична награда.
            На изложбата учествуваат: Ана Димчевска Семенпеева, Андреј Митевски, Ангел Димовски Чауш, Вања Петрушевска Дуза, Љупчо Бојаров, Златко Бојковски, Јовица Мијалковиќ, Катерина Таневска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Филип Фидановски, Филип Цакоски, Боро Митричевски. Изложбата ќе трае до 30 јули. Поставката поединечно или најмногу во група од двајца ќе може да се посети според работното време на Галеријата, односно од понеделник до петок, од 11 до 18 часот и во сабота од 10 до 15 часот. 

Препорачуваме:

Видео: Новогодишно обраќање на Костадин Костадинов градоначалник на Општина Струмица

И ова година во Струмица летен музички камп (видео)

Ване Трајков

Штети по земјоделските посеви во струмичко од невремето со силен ветар

Ване Трајков