• Thu. May 16th, 2024

Д-р Сашо Олумчев: Eпидемиолошката состојба во: Гевгелија, Богданци и Дојран досега е добра

– Епидемиолошката ситуација во општините: Гевгелија, Богданци и Дојран, на чија територија дејствува Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, според пројавените случаи на Ковид-19 досега е добра. До денес, во овие три општини имаме вкупно 19 случаи позитивни на Корона вирусот, од кои 12 се веќе оздравени, додека се уште активни имаме 7 случаи, од кои 6 во Дојран и 1 во Гевгелија, вели докторот- епидемиолог Сашо Олумчев, раководител на Центарот за јавно здравје во Гевгелија. Притоа, нагласува дека сите 7 заразени пациенти се во добра здравствена состојба, освен еден пациент од Дојран, кој е примен на Инфективното одделение во Струмица, но и тој е во стабилна здравствена состојба. 
             – Во Дојран се работеше за семеен кластер, за импортиран случај од друг град, контактите на заболените се ставени во изолација и не очекувам од тој кластер натамошни проблеми. Тоа, секако не ја исклучува можноста во иднина да се јават други кластери, бидејќи Дојран е туристичко место кое сега во летните месеци е посетувано, како од домашни, така и од странски туристи, вели Олумчев.
Што се однесува до последните случувања во некои угостителски објекти во повеќе градови низ Македонија, со организирање на масовни забави на младите, како епидемиолог сметам дека однесувањето на младите кои без носење на заштитни маски, недржење физичка дистанца и групирање во затворен простор, ќе придонесе за зголемување на бројката на инфицирани случаи во наредниот период, особено кај младите. Доколку продолжи ваквото непочитување на препораките на здравствените органи за заштита од Ковид-19, особено од страна на младите кои или поради несериозност или поради неверувањето дека тие може да заболат, очекувам нагло зголемување на бројот на  заболени, со симптоми на Ковид-19, во текот на есенскиот период, нагласува доктор Сашо Олумчев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *