• Sun. May 19th, 2024

Општина Радовиш повторно ќе поставува системи за дезинфекција на возилата на влезот од градот

Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Радовиш на вчера  одржа состанок за разгледување на новонастанатата состојба со враќањето на вирусот Ковид-19 во општината и ги донесе следните заклучоци и активности:

  • Поставување на два системи за дезинфекција на возилата на двата влеза во градот т.е кај булеварот „Александар Македонски“ и влезот кај поранешната Јака Табак (Монополот);
  • Аеросолна дезинфекција на сите улици во градот и населените места;
  • Вработените во угостителските и трговските објекти како и сите останати се должни да ги почитуваат мерките за заштита и задолжително да носат лична заштитна опрема;
  • Трговците во градскиот пазар се должни да носат лична заштитна опрема и максимално да ги почитуваат мерките за физичко дистанцирање.

Се апелира до граѓаните да покажат одговорност за заштита на личното и колективното здравје на нашата заедница со максимално почитување на мерките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *