Регион

Вчера во Ќустендил се одржа петтата седница на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија – Македонија.

На 30 јануари 2018 година во Ќустендил се одржа петтата седница на Заедничкиот комитет за следење на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија – Македонија. Седницата беше претседавана од страна на г-ѓа Деница Николова, заменик-министер за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија.

Членовите на Заедничкиот комитет за следење на Програмата ги разгледаа и одобрија следниве главни документи:
1. Пакетот на документи за аплицирање за Вториот повик за предлог проекти, вклучувајќи ги Насоките за аплицирање и критериумите за избор на проекти;
2. Правила за оценка на поднесените проектни предлози по Вториот повик.

За време на средбата беше презентиран напредокот на спроведувањето на Програмата за прекугранична соработка Interreg-ИПА Бугарија – Македонија 2014-2020, како и напредокот во активностите за затворање на прекуграничната програма на ИПА 2007-2013.

Заедничкиот комитет за следење одлучи да се објават Втората покана за предлог проекти на 9 февруари 2018 година, по трите приоритетни оски на Програмата: Приоритетна оска 1 – Животна средина, Приоритетна оска 2 – Туризам и Приоритетна оска 3 – Конкурентност, со вкупен буџет од 6 917 631 евра.

За првпат проектите ќе бидат поднесувани единствено по електронски пат.

Препорачуваме:

СРК Бистро од Струмица со одлични резултати на стартот од Лигата во спортски риболов

Ване Трајков

Донација во ЈЗУ Општа болница Струмица од СОУ Никола Карев

Ване Трајков

Советот на општина Гевгелија утре на вонредна седница

Стојне Митева