Регион

Видео – Советот на Василево со одлука за помош на Ристови од Дукатино чија куќа изгоре до темел

Советот на општина Василево донесе одлука за доделување на еднократна парична помош на семејството Ристови од с. Дукатино, чија куќа целосно изгоре  во пожарот што ја зафати во саботата вечер. Согласно одлуката на советниците , на семејството ќе им бидат доделени 100 илјади денари. Освен тоа Советот го задолжи ЈП ,, Турија ’’ на семејството Ристови да им обезбеди и реализира бесплатен приклучок на водоводната мрежа

Градоначалникот на Василево  Марјан Јанев ги повика сите хумани луѓе и фирми  да помогнат на Златко Ристов за да подигне нов дом во кој ќе може да ја помине зимата.

Инаку општината завчера на семејството во Дукатино им достави пакети со прехранбени продукти и хигиенски средства неопходни за овие тешки моменти.

 

Препорачуваме:

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските денови (видео)

Ване Трајков

Општина Струмица со известување за јавни собири на граѓани во урбаните, односно месните заедници

Ѓ. K.

Расте бројот на заболени со корона – вирусот во Дојран – вчера нови 6 лица

Сузана Мицева