Регион

Второ прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција во Радовиш и Конче

Се известуваат граѓаните од општина Радовиш и Конче дека согласно направениот план на активности за второто прскање против возрасни комарци и ларвицидна дезинсекција, истото ќе се изврши во текот на наредните денови со следниот распоред:

– На 27.07.2023 година (четврток)

со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општина Конче, додека прскање против возрасни комарци во 20.00 часот.

со почеток во 23.00 часот, ќе се изврши прскање против возрасни комарци во општина Радовиш.

– На 28.07.2023 година (петок)

со почеток во раните утрински часови ќе се изврши ларвицидна дезинсекција во општина Радовиш.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.

Препорачуваме:

Расте старосната граница на земјоделците од југоистокот

За 20 години испразнети 58 населени места

Стојне Митева

Зелен Институт со мониторинг за ветувањата за селекција и рециклажа на отпадот

Ване Трајков