• Wed. May 22nd, 2024

Зелен Институт со мониторинг за ветувањата за селекција и рециклажа на отпадот

Зелениот Институт од Скопје врши мониторинг на независните советници од Стига е во Ново Село, Босилово и Струмица кои како предизборно ветување го имаа селекција и рециклажа на отпадот. Станува збор за проект ,,Реформа на изборните процеси’’ финансиран од швајцарската влада и Ифес мегународниот фонд за избори. Лилјана Поповска кажа дека овие советници контуинирано работат на овој сегмент при што анализата покажала дека во општините има напредок но она што е охрабрувачки што речиси сите граѓани сакаат да вршат селекција на отпадот.

Како што кажа Поповска во тој поглед најмногу  резулати има Босилово која на повеќе локации постави канти за селекција а минатата година низ повеќе активности го едуцираше населението за селекција на отпад. Таа потсети дека годинава сите општини ќе мора да најдат економски оператор-постапувач со селектираниот отпад и тврди дека општините ке мора посериозно да посветат внимание на овој проблем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *